Во една касерола се ставаат путерот, двата вида чоколадо и кондензираното млеко.
На тивок оган ги мешаме да се соединат.Енергично промешуваме и смесата ќе добие убав сјај.
Сега ги додаваме бисквитите, лешникот, мелен бадем, вишни.
Убаво сето го соединуваме.
Малку нека подизлади па формираме чоко чајна која ја виткаме во фолија.
Ја оставаме да се стегни околу 1 час, па ја валкаме во шеќер во прав и сечиме превкусни парчиња.
Сервирав во прекрасен тајнир,подарок од Миа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани