Уште една вкусна тортичка.
За подготовка на пандишпанот е потребно да се изматат пенесто јајцата со шеќерот.
Се додава водата, па брашното во кое помешавме пециво и ванила.
Калапот во кој ќе печеме ќе го намачкаме масло, па брашно и ја префрламе смесата.
Ставаме да се пече.
Откако е печен пандишпанот го делиме на два дела.
Филот го спремаме на овој начин.
Рабарберот го миеме и сецкаме, па ставаме на оган со шеќер.
( го сецкаме со сецко на ситно )
Мешаме и оставаме д се вари како мармалад, да се стопи убаво.
Во него разматуваме пудинг од ванила.
Оставаме да излади.

Го спремаме и шлаг кремот според начинот на употреба.

Ја редиме тортата.
Прво едниот дел од пандишпанот,па филот од рабарбар,потоа другиот пандишпан па шлаг кремот.
Јас ја редев во калапот за да биде рамномерно.
Калапот ставете го во фризидер да се стегне.
Кога е стегнато, извадете од ладилник и од калапот,па прелејте го со растопено чоколадо..
Декорирајте по желба.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови