Многу го сакам вкусот на чоколадо и ментол, па од желбата за оваа вкусна комбинација произлезе и овој убав рецепт.

Подготовка
Филот треба да се лади, па најдобро е прво тој да се подготви.
1. Во дел од млекото, на тивок оган ги топиме ментол бонбоните.
2. Во останатото млеко го раствораме прашокот за пудинг и шеќерот.
3. Откако ќе се стопат бонбоните, со постојано мешање, ја додаваме и прехрамбената зелена боја.
4. Кога смесата ќе почне да врие ја ставаме смесата со пудингот. Вариме до згуснување со постојано мешање, за да не ни загори.
5. Го тргаме тенџерето на страна и го додаваме путерот, мешаме додека да се соедини. Тенџерето го покриваме со најлонска фолија и го оставаме да се излади.
6. Откако ќе се излади, ја матиме слатката павлака и ја додаваме во ментол пудингот. Матиме до доединување.

Започнуваме со подготовка на мафините.
1. Рерната ја вклучуваме на 180 степени, да се загрее.
2. Сувите состојки ги промешуваме во еден сад (брашно, пециво, какао, шеќер, чоколадни трошки).
3. Ги додаваме јогуртот, јајцето и маслото. Мешаме со лажица, а може и со миксер, до соединување.
4. На крајот ја додаваме жешката вода, па промешуваме.
5. Во калапот за мафини ги ставаме корпите за мафини и ги полниме со 2/3 од смесата.

Забелешка
Дозава е за 12 мафини. Од бојата ставив на врв на нож и ја добив оваа нијанса на зелена, а вие по желба и вкус.
Ако немате корпи намрсете го секое калапче со масло, со силиконска четка и набрашнете.
Кога ја ставав смесата за мафини ко калапот, дел ставав во хартиени корпи дел во намрсено и набрашнето калапче. Готовите мафини лесно се вадеа и од калапите и од хартиените корпички.
Ги печев во загреана рерна со вклучен вентилатор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани