Пандишпан
1. Се бијат белките со шеќерот и солта до добивање на тврд снег.
2. Се додава брашното и кокосот. Сите состојки се мешаат и се става во тавичка со хартија.
3. Се печи на 150-160 степени за 20-30 минути.

Фил:
1. Жолчки, шеќер и солта се ставаат во еден сад и се ставаат над пареа, се мати до растопување на шеќерот или додека не се згусни смесата со жолчките.
2. Додека жолчките се се уште многу топли им се додава чиколадото на мали парчеца и се меша додека не се растопи.
3. Смесатаа со јајца и чоколадо се остава да се олади целосно.
4. Путерот се мати додека не стане пенест и  се додава смесата од јајца и чоколадо.
Се мати до соединување.

- Кремот се распоредува врз изладениот пандишпан.
- Се користи тавичка 20 на 25 сантиметри.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови