Еве ме повторно со кафе колач, овој пат попарен со прелив од млеко и чоколадо, во кој сме ставиле кафе, во мојот случај еспресо. Убавини.

Подготовка
1. Јајцата ги матиме заедно со шеќерите до згуснување на смесата. Ги додаваме останатите состојки и промешуваме со шпатула. Оставаме 10 минути да отстои смесата.
2. Во намрсено и набрашнето тавче ја истураме смесата и печеме на 180 степени(околу 15-20 минути). Пробуваме со чепкалка дали е смесата готова.
3. При крај на печењето го ставаме млекото заедно со шеќерот да почне да врие. Го тргаме на страна и ја топиме чоколадата во него. Го додаваме епресото.
4. Жешкиот колач го прелеваме со жешкиот прелив. Оставаме малку да излади па го одложуваме во фрижидер.

Забелешка
Го правев одвечер и утрината беше спремен за сечење. Ако немате апарат за еспресо кафе, ставете една лажичка кафе во преливот и сварете ја со млекото, а можете да користите и инстант кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани