
Чоко - банана торта (400-ти рецепт)
По одредено време, еве сум да го споделам мојот јубилеен 400-ти рецепт.
Кога ќе дојдат некои состојби во животот што само тој знае да ни ги приреди, најважно е да се остане на нозе.
Во тоа може да помогнат позитивни луѓе, ама и некое место на кое се сака да се навратува зашто има позитивна енергија, на пример место како ова, какво што лично за мене е оваа страница.
Тортава е едноставна, но со омилените вкусови на домашните.
Тесто
Се прават 2 исти теста во округло тавче бр. 26 обложено со пек хартија.
Се матат јајцата и шеќерот додека се добие пенаста смеса.
Се меша брашното, какаото и пецивото со просејување и се додава во матените јајца. Смесата се изедначува со миксерот, се истура во тавата и се пече околу
10 минути во загреана рерна на 200 степени. Двете испечени теста се ладат убаво.
Фил
Од вкупната количина на млеко се одзема малку колку да се раствори прашокот за пудинг. Во остатокот на млекото се става шеќерот, и штом зоврие се вари пудинг. Истиот треба да се излади сосема, не треба да е ниту млак.
Во добро изладениот пудинг се става исечкан путер, се мати до добивање на хомоген крем фил.
Со дел од филот се филува првото тесто, а со остатокот се премачкува второто тесто и страните на тортата.
Шлагот се подготвува според упатството и на тортата се нанесува со готварски шприц. Се декорира со чоколадо и рибизли.
Ги поздравувам сите кои се дел од организацијата на МР и на самата страница, ги поздравувам сите членки - готвачи на странава ... оние кои се дружат со рецептите ... сите ...
Ви благодарам што постоите.
Лиценца: Сите права се задржани
И од мене гоолем поздрав, се надевам ќе се видиме во некоја идна средба, само здравје сите да имаме!
Поздрав голем и до тебе!
Си се најдов и јас овде во твоите зборови и нескромно(бидејќи си се ставив во оние „сите“) ќе кажам, со поклон, ти благодарам и ти што постоиш и продолжуваме да се дружиме со кујнските авантури во МР, произлезени од нашите кујни, а во најголем дел испровоцирани идеи за нови рецепти, од тимот на МР. Ве поздравувам ТИМ на МР:) Те поздравувам срдечно и тебе Ирена, моја пријателке, само успеси да те следат!
Тортата нежна како свила, проследена со прекрасна презентација, достојна за ваков голем јубилеј!!
Многу ми е криво што бев спречена да дојдам на последната дружба, ама нејсе, ќе има денови, битно е да сме сите желни за убави нешта. Ти благодарам и за твоето присуство овде, те поздравувам и тебе ти посакувам се најдобро во животот!
Се надевам стигна мојот поздрав до тебе од твојот сопруг на граница. Точно, show must go on, додуша јас малку сум побавна, ама битно сум присутна тука и кога ме нема, ха, ха, ... поздрав голем :)
Ве честитам!!!
Те молам прости што навреме не ти одговорив на твоето прашање погоре, па ете мораше да ја правиш тортата со друг вкус кој сигурна сум дека е одличен бидејќи и оваа комбинација е екстра. Прекрасна ти испаднала тортата, многу ми е мило што ја напраи и ти благодарам за укажаната доверба да ја подготвиш.
Инаку, идејата со карамелизирана банана ти е одлична, според мене, мислам дека и така ќе биде успешна, најбитно е нели бананата да е сува за да нема растекување на филот.
Поздрав и се најубаво :)
Поздрав и се најдобро :)
Морав и морам да останам on feet драга моја.
Се радувам и јас на сите јубилеи и успеси на сите членки овде, додуша јас малку сум пооди застани, ама тука сум пак, се' пратам, ха, ха,
Поздрав и до тебе, па здравје може ќе се сретнеме веќе еднаш ... :)
Прекрасно е да се чујат убави зборови од убави и вредни луѓе како тебе. Поздрав и се најдобро и тебе!
Tortata me osvoi od prva, tolku prekrasno izgleda na fotkata, magepsuva! :-)
Ti posakuvam sekoe dobro vo zivotot na sekoe pole i uste mnogu, mnogu ubavi recepti :-)
Ти благодарам за убавите желби до мене, и тебе ти посакувам уште јубилеи и се најдобро во животот :)
драго ни е што си тука со овој твој значаен јубилеј. Не` освои со тортата, со нејзиниот изглед и бои, а исто така и фактот што во преку десетици илјади рецепти на оваа страница, изгледа дека ова е прва торта со оваа комбинација на вкусови. Секоја чест!
Ти благодариме за твоите 400 рецепти и ти подаруваме Нутрибулет во сина боја. Честитки!
Ти благодариме и за споделените емоции, и на тебе, а и на другите членки, со кои не` допревте и нас. Посакуваме во иднина само убави поводи за радост и веселби!
Тимот на МоиРецепти
Ви благодарам за тоа што ете Ви се допадна тортата иако е едноставна. Пудинг со вкус на банана е навистина несекојдневен иако овој вкус е широко распространет. Оригиналниот фил е поинаков, а јас го модифицирав вкусот и изгледот по моја идеја.
Ви благодарам за подарокот, и ќе бидам искрена најмногу се израдуваа моите деца и рекоа ... ете сега ќе си имаме уште еден Нутрибулет, да не ти го земаме твојот ... ха, ха ...
Сакам да знаете дека секогаш ја следам страницата и тогаш кога не коментирам или пак немам поставено рецепт. Пополека, ама тука сум.
Ви благодарам што постоите МР, им благодарам и на сите пријателки тука и на оние кои ја следат оваа страна.
Честитки и за наградата!