Чоколадата стопете ја над пареа и оставете ја да олади (да биде млака).
Во еден сад со вилушка изгмечете ја бананата со шеќерот во кашеста смеса. Потоа додајте ги сувите состојки - какаото, ванилата и брашното. Измешајте ги.
Додајте го и маслото. Млекото од ориз постепено додавајте го и мешајте да се изедначи смесата, да нема грутчина.
На крај додајте ја стопената чоколада и пецивото и повторно измешајте ја целосно да се изедначи.
Смесата туретеја во тава намачкана со масло и посипана со брашно тава бр.26.
Печете во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 мин. Потоа оставете ја во исклучена рерна уште 10-ина минути.
Извадете ја од рерна и одма премачкајте ја со мармалад од кајсии. Оставете да олади и мармаладот да се зацврсти. Потоа на пареа стопете ја чоколада со маргаринот и млекото и прелијте ја тортата. Над чоколадата наредите суво грозје, брусница и шарени шеќерни трошки. Оставете да се стегне чоколадата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани