Во една вангличка ги соединуваме состојките за тесто, оревот, брашното, густинот, путерот, медот, зачините.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го оставаме во фрижидер 10 минути.
Потоа сучиме кора и со мала модла вадиме округли форми.
Јас направив 30 формички.
Ги редиме во плех и ги печиме од 8-10 минути.
Ги оставаме да се изладат.
Во касерола ставаме слатка павлака да се загрее.
Потоа ја додаваме искршената чоколада и мешаме да се изедначат.
Оставаме да се подизлади смесата, па ја матиме многу кратко со миксер.
Ја полниме во готварски шприц и една половина од колачињата ги полниме со ганашот.
Ги поклопуваме со останатите испечени кругчиња.
Така добиваме 15 чоко бакнежи.
Со остатокот од ганашот, кој по потреба може малку да го загрееме, ги обложуваме дел од колачите одоколу, па ги валкаме во мелен орев, или на горната површина ставаме со готварски шприц.
Како и да се направат се многу вкусни и декоративни.
Може да се користи и интегрално брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани