Ова е мој предлог за подготовка на чоколадо со експандиран ориз и ако пробате ќе се уверите дека чоколадото е пре вкусно.
Прво во сад се ставаат чоколадото, медот, путерот и Нутелата. Садот се става над друг сад во кој врие вода. Смесате посојано мешајте ја додека не стане кремаста.
Во друг, поголем сад, се ставаат експандираниот ориз и сецканите лешници. Во овој сад се додава чоколадната смеса.
Се' убаво се меша.
Во калап обложен со најлонска фолија се сипа смесата за да се обликува.
Се остава најмалку два часа во фрижидер и може да се конзумира.
Се сече со многу остар нож кој најдобро би било да е топол за полесно да се сече.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови