1. Се мешаат заедно дулче де лече и омекнатиот путер да се добие хомогена смеса. Посебно се растопува млечното чоколадо со павлаката и се додаваат сецканите лешници
2. Црното чоколадо се топи на пареа со маслото.
3. Со четкичка се премачкуваат силиконските калапи со чоколадото во 2-3 слоја и после секое премачкување се оставаат во фрижидер да се стврдне.
4. Се полнат со смесата од дулче де лече отприлика малку повеќе од половина, па се дополнуваат со смесата од млечно чоколадо.
5. Се затвараат со остатокот од растопената црна чоколада.
6. Се оставаат убаво да се стврдне чоколадото, па потоа се вадат од калапот и се служат.
7. Од овие состојки излегуваат отприлика 14 пралини.
8. Дулче де лече го подготовив според следниот рецепт(линк).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани