Совршено меки и вкусни крофни.
Квасецот ставете го во млаката вода, додајте малку шеќер и брашно, измешајте и оставете десетина минути да се активира.
Додајте го млекото, шеќерот, јајцата, салото, кората од лимонот и постепено додавајте брашно. Количината е отприлика 600 гр, а тестото треба да меко, но нелепливо.
Покријте го и оставете го половина час да стаса.
На набрашнета површина ставете го тестото и расучете го со дебелина отприлика 1/2 цм. На едната половина од тестото со чаша со која ќе сечете, на почетокот само малку притиснете колку да се обележи формата. Над секое крукче ставете од кремот. Другата половина од тестото префрлете ја одозгора. Таму каде што е кремот се познава, па сега со чашата сечете ги формите. Вака нема да имате проблем со истекувањето на кремот при пржењето.
Тестото кое ќе ви остане премесето го и повторете ја постапката.
Наредете ги крофните на чаршав, покријте ги и оставете ги 15 минути. Потоа внимателно, без многу да ги стегате, превртете ги на другата страна. Пак покријте ги. Нека киснат уште половина час.
Загрејте масло на не многу силна температура, кај мене од 12 на 6. Кога е доволно загреано почнете со пржење. Крофните ставајте ги прво со горната страна да се пржат. Покријте ги со капак првите дваесетина секунди па извадете го капакот. Кога убаво ќе заруменат од едната страна превртете ги на другата додека не се испржат.
Вадете ги на хартија да се впие вишокот од маснотија.
Растопете чоколадо и едната страна макнете ја во него. Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови