Оревите сомелете ги, нека остане по некое покрупно парче, измешајте ги со шеќерот во прав и стопеното чоколадо. Додајте го и румот.
Калапите премачкајте ги стопеното чоколадо, ставете ги во фрижидер, па повторете ја постапката уште два пати.
Наполнете ги калапите со филот, оставете малку празен простор и дополнете ги со чоколадо. Вратете ги во фрижидер убаво да се стегнат.
Одозгора можете да ги украсите со карамелизиран орев.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови