Предлог за многу декоративни и вкусни колачи.

Во касерола го ставме млекото, чоколадото, шеќерот во прав, путерот и еурокремот.
Соединуваме во еднолична смеса на многу тивок оган.
Тргаме од оган и додаваме чоколаден ликер.
Додаваме мелени наполитанки и грубо мелени печени лешници.
Соединуваме.
Оставме смесата да се подизлади.
Потоа формираме стапчиња или бомбици
Ги потопуваме во растопено чоколадо и нежно ги декорираме со чоко трошки.

До колку ви се чини смесата дека е сува додадете лажица млеко или ликер.
Тоа е во зависност од наполитанките кои ќе ги користите

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови