Подготовка
Изматете ги белките, додадете го шеќерот, жолчките, какаото, маслото, млекото, брашното и прашокот за печиво. Печете во тавче на 30х40 на 150 степени околу 30 минути.
Пудингот, шеќерот и брашното измешајте го со малку млеко, а останатото ставете го за зоврие. Кога млекото ќе зоврие полека додадете ја изматената смеса за пудинг. Во топлиот крем додадете го путерот, а кога смесата ќе се излади додадете ја претходно изматената павлака.
Глазура
Слатката павлака ставете ја да се загрее, тргнете ја од оган, додадете ја чоколадата и мешајте додека не се стопи чоколадото.
Ставете го пандишпанот, потопете го со чоколадно млеко, па премачкајте со кремот и на крај премачкајте со глазурата.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани