Тмурно, врнежливо време...идеално да се направи нешто чоколадно, нешто убаво....
Во касерола ги ставаме путерот, чоколадото, кондензираното млеко.
На тивок оган готвиме околу 7-8 минути, со постојано мешање, односно додека на дното на садот не се направи пат.
Потоа го додаваме чоколадниот ликер и лешниците
Соединуваме убаво и оставаме во фрижидер на 1 час.
Со дланки формираме бомбици.
Сега секоја бомбица ја потопуваме во растопено чоколадо и ја декорираме со шарени јадливи конфети.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани