Чоколадо можи да се користи било какво. По рецептот се подразбираше за готвење, па како имав само Милка, стопив такво млечно.

Во ѓезве се вари  инстант кафето со водата и шеќерот, па се додава млекото.

Во стопеното чоколадо се додава маслото и спременото кафе со млекото.
Се додаваат останатите работи, па јајцето и на крај брашното.

Се меша и се добива една убава глатка смеса која се печи во апаратот за крофни претходно намрсен.

Белото чоколадо заедно со маслото се топи и во него се макаат чоколадните крофнички.
Јас искористив бело чоколадо заради контрастот, но верувам дека уште повкусни и почоколадни ќе бидат и со црно чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани