Се мешаат сите суви состојки, се додава омекнатиот путер/маргарин и јајцето и се меси тесто.

Тестото се витка во стреч фолија и се остава половина час во фрижидер.

Потоа се развлекува во кора со дебелина од 0,5см и со кружен калап или чаша се сечи.

Исечените форми се редат во плех обложен со пек-хартија.

Се мати белката со шеќерот во прав убаво, па смесата се става во најлонско ќесиче на кое му се отсекува ќошот и врз секое колаче се распоредува од неа, почнувајќи од краевите на кругот кон средината.
Во средината на секое колаче се става половинка, јатка орев.

Се печат на 160С околу 30 минути, додека белката се стврдни, но не и да отемни.
Доколку ги печите без белка, тогаш печете на 180С малку повеќе од 10на минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови