Се ставаат да зовријат шеќерот, водата, ванилата и маргаринот. Штом зовријат нека поварат 2-3 минутки на умерен оган и потоа се трга од рингла.
Се додаваат чоколадата и се меша додека се стопат.
Се додаваат мелените кикириките.
Малку да подизлади, па се додаваат бисквитите.
Во скоро ладно се додаваат желе бомбоните.
Убаво се изедначува смесата.
Со влажни раце се формираат бомбици и се валкаат во рендано чоколадо.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани