И оваа е чоколадна торта, а морам да признаам дека лесните и чоколадни торти дома кај нас се омилени, хехе.
Најпрво ја топиме чоколадата заедно со маргаринот. Откако малку ќе се подизлади заедно со јајцата, шеќерот ги мешаме со миксер, и потоа ги додаваме брашното и пецивото, и матиме со миксер додека не добиеме хомогена смеса. Така добиената смеса ја ставаме во тепсија или калап зависно што имате во моментот, и печеме во загреана рерна, околу 20на минути.
Откако ќе биде готова, уште додека е топла на неколку места ја боцкаме со чачкалица и ја преливаме со претходно зготвениот крем, а тој го правиме на следниот начин: Во тенџере на оган ги ставаме слатката павлака и чоколадото и постепено мешаме додека не почнат да се прават балончиња.
На прв поглед изгледа многу течна кремата, ама нема гајле по неколку часа ќе се стврдне супер. Јас ја чувам малку на собна температура и после ја ставам во фрижидер неколку часа да се стврдне повеќе.
Декорирам со шлаг и несквик, ама вие тоа може да го направите по ваша желба како сакате.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови