Еве и една моја верзија на чоколадна торта.Овој пат поводот беше роденденот на мојот син. Среќните и задоволни детски лица, ми го стоплија срцево :) 

Најпрво го подготвуваме филот.
Жолчките ги матиме со шеќерот и ванилата додека не станат пенасти, а потоа
продолжуваме да ги матиме на пареа.
Го додаваме чоколадото и продолжуваме да матиме се додека не се згусне филот.
Го оставаме филот да се олади.

Го подготвуваме тестото.
Најпрво ја загреваме рерната на 180 степени.

Белките ги матиме со шеќерот во цврст шам, го додаваме брашното со малку пециво и оревите. Мешаме со дрвена лажица за да не спласне тестото.
Го печеме во плех од шпорет обложен со хартија 8 минути, само колку да зарумени .
Доколку не е доволно печено се пече уште 1-2 минути, не подолго, бидејќи може да се пресуши тестото.
Се прават три вакви теста.

Во изладениот фил го додаваме претходно омекнатиот маргарин на собна температура. Мешаме додека не се соедини смесата.

Секоја кора ја премачкуваме со филот и декорираме по желба.

Повелете на парче роденденска торта !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани