Кога станува збор ѕа чоколадните торти, тогаш морам да кажам дека се едни од омилените во мојот дом. Затоа по повод празникот Велигден ја искористив можноста да ја подготвам оваа прекрасна торта.
Еве го начинот на подготовка

12 белки ги матиме убаво со прстофат сол.
Кога ќе се згустат добро, ги тргаме на страна и продолжуваме со матење на жолчките.
Во жолчките го ставаме шеќерот и матиме додека не стане пенеста смеса.
На страна во друг сад го помешуваме брашното,какаото и пецивото.
Лажиче по лажиче го додаваме во матените жолчки.
Откако ја измешавме смесата добро, ја соединуваме со матените белки.
Промешуваме со шпатула.
Дното на калапот го обложуваме со хартија за печење и  ја налеваме смесата.
Ја разредуваме смесата убаво да се потполни во калапот, потчукнувајќи го од работната маса.
Рерната треба да е загреана пред да се стави тортата да се пече.
Печете и откако е печена извадете да излади.
Пресечете на два дела.
Премачкајте со подготвениот фил.
Ред кора ред фил, па покријте со филот, премачкајте ја цела.
Ставете да се стврдне.
Декорирајте со ганаж од чоколада и слатка павлака.

За подготовка на ганажот потребно е чоколадата да ја изрендате, а,потоа да ја попарите со слатката павлака.
Оставете да се излади и згусне онолку колку ви е потребна густината за декорација.
Ако сакате да ја прелиете како глазура,тогаш ставете ја потечна.

За подготовка на чоколадниот фил потребно е четирите пудинзи да ги разматите со малку млеко,а останатото млеко од 1 литар ставете го во садна оган да се загрее.
Додајте 6 лажици шеќер.
Сварете го пудингот па тргнете на страна.
Додајте го чоколадото кршено на коцки па матете со миксерот.
Оставете да се излади,па промешајте со еден маргарин кој е стоен на собна температура.
Нека излади добро филот па филувајте со стегнат фил.
Мармаладот го користев за премчкување на корите.

Оваа торта е една од поубавите чоколадни торти кои ги имам пробано.
Пробајте ја, на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови