Ова е една од оние вкусни чоколадни торти, кои се на база на чоколадно тесто, без филови, односно тука филот е премазот од мармаладот од шипки, кој дава еден одличен спој на целата торта.

1. Стопете ја чоколадата на пареа и оставете ја малце да се излади.
2. За тоа време изматете го путерот со шеќерите, а потоа пополека додавајте ги жолчките, едно по едно и постојано матете.
3. На крај се додава и растопеното чоколадо и се убаво се спојува.
4. Во друг сад се матат белките со прстофат сол, додека да добиете цврста пена.
5. Пополека додавајте од пената од белки во чоколадната смеса и мешајте со лажица, додека да се спои смесата, но внимавајте да остане пенеста.
6. Во смесата се додава просејаното брашно и пециво и повторно мешаме, додека да се хомогенизира и потоа се истура во округла тава, бр.26 и се пече. Печеме во загреана рерна на 170-180 степени, околу 40-45 мин. (проверете со чепкалка, дали е печена смесата).
7. Печениот колач после 10-15 мин се вади од калапот и се превртува. Потоа се сече на половина. На едната половина ставаме од ликерот, за да се натопи тестото (ако немате ликер, натопете со редок шербет).
8. Во касерола го загреваме мармаладот, за да може полесно да се размачкува и прво на половина од него ставаме по средината од тестото, поклопуваме со другата половина тесто и ја премачкуваме целата торта.
9. Ја оставаме во фрижидер на половина час, убаво да се упие мармаладот.
10. На крај ја подотвуваме глазурата, едноставно со мешање на чоколадото и слатката павлака на среден оган и со неа ја прелеваме целата торта. За декорација користев чоколадни капки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови