Чоколадото со путерот и шеќерот во прав се топи на пареа додека се добие кремаста смеса. Оставаме малку да олади.
Јајцата ги матиме и ги додаваме во чоколадната смеса
Ги додаваме оревите и лешниците како и кршените плазма бисквити. Бисквитите се кршат некои на поголеми, некои на поситни парчиња.
Го додаваме румот. Оставаме смесата да се олади околу 2 часа.
Потоа со помош на прозирна фолија формираме салама и ја оставаме во фрижидер во текот на ноќта.
Саламата обилно ја валкаме во шеќер во прав, сечеме парчиња дебели околу 1 сантиметар и послужуваме.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови