Најпрво се прави првиот фил.

1. Во тенџере се ставаат состојките и се вари 3 мин. Се лади и од овој фил се земаат 5 лажици кои се додаваат во тестото.

2. Во друг сад се матат жолчките и шеќерот, а потоа се меша на пареа да се згусни и се остава да олади. Кога ќе олади се додава избиениот маргарин и се соединува со 1 фил. Убаво се миксира да се изедначи кремот. Се додаваат оревите и румот.

3. За кората. Се матат белките со шеќерот, се додаваат оревите, брашното и 5 лажици од првиот фил. Се меша со шпатула одоздола нагоре и се става во плех од шпорет. Се печи на 180С-25мин. Се лади и се сечи на 5 ленти.

4. Првата лента е 11см
Втората лента е 9см
Третата лента е 7см
Четвртата лента е 5см
Петата лента е 3см

5. Се филува тортата.
П.С.
Од оваа торта излегува многу фил. Значи многу е кремаста и богата. И подобро е да се замрзне тортата зошто поубаво се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани