Лесна, летна, прецизна, чоколадна, торта која не се пече, а за нејзина подготовка не ви треба ниту миксер. Како сме во летниве горештини, а имаме и едно летно дете, односно роденден на средниот син Виктор, тортава беше вистинско роденденско уживање. Уживајте и вие во чоколаднава панакота!

Подготовка
1. Пишкотите ги редиме во тавче со обрач кое сме го премачкале со малку путер колку да се залепат пишкотите. На обрачот местиме најлонска фолија или хартија за печење.
2. Желатинот го прелеваме со 20-30 мл вода и го оставаме да набабри. За белиот крем ја ставаме слатката павлака заедно со белото чоколадо и ванила екстрактот да се топлат на оган ( да не се случи да врие). Кога ќе се растопи чоколадото, и со постојано мешање се изедначи кремот го тргаме на страна и го ставаме желатинот. Со рачната маталка матиме до соединување. На крајот ја додаваме киселата павлака, соединуваме, малку го ладиме кремот (кој е во течна состојба слична на јогурт), сосема кратко и го истураме врз пишкотите, во калапот за торта бр. 22.
3. Го ставаме во фрижидер најмалку 1 час, а може ако сакате побрзо да биде да ја ставите и во замрзнувач.
4. Потоа го правите кафеавиот фил на идентичен начин, па и него го ставате врз белиот крем кој веќе ни е стегнат. Ја оставате во фрижидер за да се стегне неколку часа. Го вадите обрачот и ја отстранувате најлонската фолија.
5. Потоа ја украсувате по желба. Јас изматив слатка павлака и ја премачкав тортата па наредив чоколадни топчиња и чоколадни плочки на неа.

Забелешка
Најдобро е да се прави навечер, за утредента да ви биде подготвена и да ви остане само украсувањето.
Се ставаат по три полни лажици слатка павлака или околу 180-200 гр ако мерите со вага.
Додека го ставате белиот крем во калапот кој е во течна состојба може да ви се случи „раздвижување на пишкотите“, само нежно притиснете ги тие ќе се залепат за тавчето и веднаш во фрижидер.
За да ви биде побрзо ладењето на белиот крем ставете го калапот во замрзнувач.
Ако ја правите во тавче бр. 26 потребно е дупло да ги зголемите состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани