По дома обожаваме алва и овој рецепт ни е еден од омилените, па затоа и си го подготвивме за Велигден.

Брз, лесен и вкусен, за кој нема грешка. Единствено што треба е да се подготви еден ден предходно, за да филот впие во обландата и да убаво се врзат слоевите. Бидејќи е обланда, ќе имате многу колачиња, со кој може да послужите многу гости.

1. Во касерола се става млекото и шеќерот да зовријат. Потоа се додава маргаринот исецкан на коцки, да се растопи во млекото.
2. Се додава чоколадната таан алва исецкана на ситни парчиња и се меша додека убаво да се растопи. Како и да е алвата не може целосно да се стопи, но тоа не е проблем. Тргнете ја смесата од оган.
3. Потоа додадете го и чоколадото исецкано на поситини парченца, за побрзо да се стопи и убаво измешајте ја смесата. На крај додадете ги сецканите бадеми.
4. Земаме една обланда и ја поставуваме со длабоките вдлабнатини нагоре и ги полниме со фил. Филот треба да е топол за лесно да се размачкува низ обландата. Ставаме по неколку лажици, доволно колку да се пополнат сите вдлабнатини.
5. Ставаме 2 обланда и повторно истата постапка. Завршуваме со обланда премачкана со тенок слој фил и сето ова го оставаме убаво да се излади и стегне, најдобро цела вечер.
6. Наредниот ден затополуваме слатка павлака, но не смее да зоврие и со неа прелеваме 100 гр ситно сецкано чоколадо и мешаме додека да се растопи и соедини.
7. Со чоколадниот ганаж прелеваме врз обландите и убаво распределуваме.
8. Топиме на пареа бело чоколадо со 1 лажичка масло и потоа се префрла течната смеса во фишек со мал отвор и се декорира по избор.

*Сечење на обландата
-Најдобро е да ја извадите решетката од рерната и со неа да ја исечете обландата. Ставете ја врз обландата, внимателно да не го растурите чоколадото. Потоа со остар нож помините низ секоја од лините од решетката. Така ќе добиете долги тенки ленти. Свртете ја од другата страна обландата и сега сечете преку една линија од мрежата, за да добиете правоаголни колачиња, со иста големина. Едноставно!

Среќни празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови