Ете, ден за ден, година за година, рецепт по рецепт, се напиша и јубилејниот 400! Кој мислеше кога почнувавме... Во оваа прилика сакам на сите да ви се заблагодарам за пријатните моменти овде поминати... И на членовите на уредништвото, но и на членките кои секојдневно се тука присутни... Убаво е во ваше друштво 
Се печат 4 кекса. Чашата е од 200 мл. Тортичево е ептен сочно, ровито, многу вкусно... За надворешниот изглед не сум ни сама задоволна, ама затоа вкусот е баш за љубителите на чоколадо и нутела...
Најпрво, во вангла ставете ги јајцата, шеќерот, какаото, содата, солта, млекото, маслото и ванилата и убаво со миксер измешајте го.
Потоа додајте го брашното и пак измешајте.
На крајот додајте ја врелата вода и кратко измиксирајте ја смесата.
Од смесата испеков 4 кори. (калап од 22 цм, ама мислам дека подобро ќе биде ако се пече во 20 калап, кој го немав  )
Се пече по десетина минути, на 180 степени.
За кремот, путерот кој е на собна температура, миксајте го неколку минути. Потоа постепено додавајте го шеќерот во прав, наизменично со млекото. Вкупно, отприлика се микса десетина минути. На крајот додајте ја нутелата и повторно, убаво измиксајте ја смесата. Ставете ја во фрижидер, да се стегне.
Филот поделете го на 4 дела и филовајте ги изладените кори.
Нема потреба да се премачкува од страните.
Одозгора прелијте ја тортата со изладениот ганаш и украсете ја по желба. (зовријте ја павлаката и ставете го внатре чоколадото да се стопи, мешајќи)
Сите многу ве поздравувам и ве гушкам  Се гледаме (читаме) со нови рецепти  а се надевам и во живо во прва прилика...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови