Одделете 50на гр од брашното, а останатото измешајте го заедно со сите суви состојки.

Втријте/измешајте го маргаринот со нив, па додадете ги белката и жолчките.

На крај додадете го останатото брашно и измесете глатко тесто.

Тестото тенко развлечете го на работната површина и сечете штанглички во правоаголна форма.

Одозгора премачкајте ги со благо разматената белка и посипете ги со ситно сечканите ореви.

Со ноже внимателно секое парче префрлајте го во плех обложен со пек-хартија и печете ги 15на минути на 180С внимавајќи да не потемнат.

Печените колачи лепете ги со мармалад едно со друго и макајте ги на краевите во стопеното чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови