1. За подготовка на кората се мешаат брашното, шеќерот и какаото. Се додава ладниот путер и со раце се втрива за да се добијат трошки.
2. Се додава ладното млеко и со раце се спојува тестото да се добие топка. Тестото не треба да се меси, треба што помалку да се работи за да не се растопи путерот.
3. Топката се завиткува со проѕирна фолија и се става во фрижидер да одмори ½ час.
4. Потоа се расукува во круг и се обложува тарт со димензии 24 см. Врз тестото се става хартија за печење и се полни со зрна грав. Функцијата на гравот е додека се пече тестото да ја задржи формата.
5. Тартот се пече во загреана рерна 15 мин на 180Ц, потоа се трга хартијата со гравот и се допечува уште 10 мин.
6. Испечената кора се остава да се олади
7. За тоа време се подготвуваат филовите.
8. Од шеќерот се прави светол карамел. Внимателно се додава павлаката и се вари кратко време за да се соедини. Се додава путерот од кикирики и се меша за да се соедини. Потоа се додаваат кикириките, повторно се промешува и се полни кората од тартот.
9. За чоколадниот фил сите состојки се загреваат на оган за да се растопат и соединат и потоа се прелева врз карамелот.
10. Белото чоколадо се растопува со павлаката и се украсува тартот.
11. Се остава убаво да се олади, најубаво преку ноќ, за убаво да се поврзат сите вкусови
12. Потоа се сече на парчиња и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови