Тарт богат со чоколадо, одличен избор кога сакате нешто слатко приготвено за многу брзо.
Најпрво ја приготвуваме подлогата. Во блендер ги сомелуваме бадемите, додаваме шеќер, сол и растопен путер. Смесата ја соединуваме во блендерот, а потоа ја ставаме во калап за тарт. Печеме 10 минути на 180 степени.

Подлогата ја оставаме да се олади, а во меѓувреме го спремаме чоколадниот фил.
Во тенџере ја ставаме слатката павлака да се згрее до вриење, потоа го додаваме чоколадото и шеќер по желба. Кога смесата е соединета ја оставаме во фрижидер да се олади. Потоа со миксер ја матиме за да стане погуста. Смесата ја истураме во подлогата од бадеми, посипуваме со кокос и декорираме со чоколадни флипс топчиња.
Лесно, вкусно и брзо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови