Ова е фина и лесна торта со крем, без маргарин, со малини и чоколадо и никој не го остава рамнодушен.

Бисквит
1. Прво го приготвуваме округлестиот калап за торта бр .26 и го обложуваме дното со хартија за печење. Рерната ја загреваме на 180 С.
2. Се матат јајцата пенесто со постепено додавање на шеќерот. Потоа се додаваат сите други состојки и се става да се печи на 180С-30мин.
3. Се лади тестото и се сечи на два дела.

Крем
4. Млекото се вари заедно со шеќерот и пудингот. Се меша во жешкиот пудинг чоколадата и желатинот кој е растопен со 3 лажици вода. Се остава да олади.
5. Се мати 300 мл слатка павлака и се меша заедно со оладениот пудинг.

Ганаж
6. Се топли 200 мл слатка павлака, се додава чоколадата и се соединува.

Начин на филување
7. Се става прво едниот бисквит, па врз него сите смрзнати малинки, па 3/4 дел од филот, бисквит, фил и ганаж.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани