Многу вкусен куглоф со прекрасен мирис на портокал и ореви.
Подготовката е следна:
1. Со миксер се матат јајцата со шеќерот.
2. Се додаваат млекото, маслото и се меша со лажица.
3. Се додаваат брашното, печивото и какаото и повторно убаво се меша со лажица.
4. На крај се додаваат оревите, кората од портокал и мармаладот и се убаво се меша.
5. Смесата се турива во калап за куглоф и се пече околу 40 минути на 180 степени (нај добро е да проверите со чачкалица дали е печен).
Печениот куглоф се прелева со стопена чоколада и се декорира со толчени ореви
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови