Овој е лесен десерт, кој е интересен бидејќи се прави во куглоф. Се подготвува многу брзо и е супер за изненадни гости.

1 литар млеко се става да зоврие, а во меѓувреме пудинзите се раствараат со 500 мл млеко . Се подготвува пудингот и се остава малце да се олади. Во пудингот се додава чоколадото и маргаринот и се мати со миксер.
Смесата се става во куглоф.
*Јас бидејќи немам куглоф, употребив овален сад, го обложив со фолија и во средина ставав чаша. Формата која се доби е иста како куглоф.

Во круг се редат бисквитите двобојни и на крај се редат вишните и се прелева во течно чоколадо или може и со шлаг да се украси.
Пудингот се става да се олади и стегне во фрижидер, неколку часа.

*При сечењето се добива интересен пресек.
*Можете наместо пудинг, да користите чоколаден сладолед, за во летниот период.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови