Оооох колку прекрасна вкусотија, посно, веган, вегетаријанско, сурово кремче ...Едноставно се поготвува, а потоа може да го користите како намаз за колачи, палачинки, торти или пак тегличето и лажичето со вас и уживајте во здравиов чоколаден крем.

Подготовка
Авокадото го сечеме, ја отстрануваме семката, го лупиме и го ставаме во сад за блендирање. Го додаваме какаото и свежите урми без семка. Ставаме малку вода и блендираме до измазнување на кремот. Ако не ви е благ по вкус, доставате мед или агаве сируп.

Забелешка
Структурата и густината сами си ја правите, зошто зависи од сочноста на урмите. Авокадото исто така треба да ви е зрело за да се добие совршено мазна структура. Блажината си ја одредувате по вкус. Мене лично ми се допадна и без дополнително засладување, ама децава сакаа да им биде поблаго па им доставив мед.
Можете да ги откиснете урмите во вода, па во тој случај можеби нема потреба да доставате вода при блендирање...Проценете сами.
Кремов го правев во Нутрибулет, со паузи помеѓу блендирање. Блендирав, промешував, па повторно блендирав, за да не го направам кремот редок со доставање на вода, ама и да не си го оптеретам блендерот.
Ако пак се случи да го направите потечен или доставете урми или пак стопете посно чоколадо, ставете го во смесата и оставете да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани