Прекрасен кекс...Пробајте го

Во еден сад ги соединуваме оревите, циметот и чоколадото.
Промешуваме и оставаме на страна.
Во еден сад ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилата.
Матиме со миксер да се соединат и да запенат.
Со исклучен миксер додаваме рендани јаболка, просеано какао, пециво, сода, брашно, путер.
Смесата убаво со шпатула ја соединуваме.
Ја истураме во тесен, долгнавест калап.
Одозгора посипуваме со соединетите ореви, чоколадо, цимет.
Печиме во загреана релна на 200 с, околу 30 минути.
Проверуваме сепак со чепкалка.
Го оставаме колачот потполно да се олади, па сечеме парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани