Многу убав и декоративен колач со прекрасен мирис.
Прво се матат јајцата со шеќерите во пенаста смеса.
Се додаваат течните состојки.
Претходно во друг сад се мешаат брашното, печивото, какаото и чоколадото.
Полека се додава во течната смеса и се убаво се меша.
Смесата се турива во долгнавесто плехче 10 на 20 цм кое треба да е обложено со пек хартија.
Во тестото се ставаат круши на кои им е исечено дното за да можат да стојат исправени.
Колачот се пече во загреана рерна на 190 степени околу 30-35 минути.
Се остава малку да олади се наросува шеќер во прав или стопенао чоколадо и се конзумира(според мене нај вкусен е кога е млак).
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови