- Дното од модлата бр.26 постелете со хартија за печење, а ѕидовите на модлата односно обрачот - лесно премачкајте со масло.

Пандишпан
- Пенесто изматете ги јајцата, водата, шеќер, ванила и солта. Додадете ги во добиената смеса претходно измешаните брашно, густин, пециво и какао. Добро промешајте со шпатула, истурете во модлата и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени или ако користите вентилатор на 160 степени. Нека се пече околу 25 мин.
- Печена извадете од рерната, нека олади малку колку да се одвои од ѕидовите на модлата. Откопчајте го обрачот и дозволете потполно оладување, по што добиената кора ќе ја исечете на половина да добиете две еднакви пандишпана.
Фил
- Во подлабока керамичка касерола или подлабока тава ставете ги шеќерот и путерот заедно на тивок оган да се топат и да се шекерот карамелизира, но внимавајте да не го препржите. За време на карамелизацијата на шеќерот постојано треба да го мешате.
Тргнете малку настрана за да го додадете млеко бидејки знае да прска, нека се изедначи температурта - вратете назад на огнот да врие се додека не се стопи карамелот и ќе забележите дека веќе имате малку погуста смеса - карамел. Тргнете го од огнот и веднаш додадете ги кикириките кои половина сте ги грубо исецкале, а половината поситно исецкани. Оставете да се олади.
- Поставете го обрачот околу првата половина од пандишпанот, истурете го целиот оладен фил, распределте го со помош на лажица, поклопете со другата половина. Оставете вака да стои најмалку 6 часа за кое време многу убаво ќе се спојат пандишпаните со филот.
ГЛАЗУРА
- Во сад ставете ја искршената чоколада, додадете го десертниот чоколаден прелив и млекото.Ставете да се целото тоа стопи над пареа. Кога се стопиле убаво премешајте да се изедначат сите состојки, тргнете го обрачот од колачот и прелијте со глазурата.
Декорирајте по ваш избор, може додека е сеуште млака глазурата да ставите кршени и цели кикирики, чоколадирани кикирики.. и т.н, - ваш избор.
Напомена
- За да се спојат сите вкусови во едно - навистина е потребно да се остави целосно оформен колачот да одстои уште некое време во фрижидер по што и убаво ќе се сече.
Кај мене сликите недобри, сечен колачот веднаш, а бидејки беше по повод роденденот на ММ - си го нарековме овој колач - Торта од кикирики.
Овој колач е прелесен за правење, со вкус на карамела, а оваа глазура вака со упростени состојки е фантастична. При преместувањето на тацната некако ја упропастив, поради што ве советувам да прво преместите колачот на тацната на која ќе стои, потоа истурете глазурата - сјајна и мазна... Ќе се избегне она рељефната површина како што е кај мене.
Уживајте во секое делче од овој пре-прекрасен колач.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани