Овој колач е лесен и многу брз за подготовка, а задоволува разни типови на конзументи, луѓе што постат, вегани, чокољупци, па затоа имајте го на распоред кај итните рецепти.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 175 степени за да ни се загрее.
2. Припремаме тавче кое го намрсуваме и набрашнуваме, а треба да ни е со димензии 27х27 см.
3. Сувите состојки т.е. брашно,шеќерите, сода бикарбона, какао, сечкано темно чоколадо и солта ги ставаме во еден сад и ги соединуваме.
4. Бананата ја пасираме, може и да се изблендира во нутрибулет или друг блендер, па во неа ги ставаме оцетот, маслото и водата.
5. Во сувите ги ставаме мокрите состојки и интензивно мешаме со вилушка да нема грутчиња.
6. Во тавчето ја ставаме целата количина на смеса. Печеме околу 20-30 минути.

Забелешка
Матењето на смесата се разбира дека може и со миксер да го направиме. Чоколадото треба да е со висок процент на какао.
Најдобро е да пробаме со дрвено стапче или чепкалка дали е печен колачот, со тоа што ќе внимаваме, зошто ако го допреме каде што ни е чоколадното парче ќе мислиме дека ни е уште жив и ќе продолжиме со печење.
Откако убаво ќе се излади го сечеме на парчиња по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани