Овој колач се прави во микробранова.
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете брашно, какао, пециво, ванила, млеко, зејтин и се' промешајте.
Земете една чаша за чај, нека биде рамна и малку широка.
Тестото ставете го во чашата, малку помалку од пола чаша. Ставете ја во микробранова на 2 минути. За 2 минути тесто готово извадете го нека малку истине. Сечете го тестото на три дела.

200мл млеко ставете да зоврие. Во другото 200мл млеко додадете пудинг, 4 лажици шеќер, измешајте и додадете го во зовриеното млеко да се свари пудинг. Во сварениот пудинг додадете чоколадо за готвење и промешајте, оставете да истине.
Маргаринот изматете го, додадете го во него чоколадниот пудинг, додадете малку ванила и една лажица рум.
На церешите одстранете им ги семките.
На круговите тесто ставете од филот (ставајте со шприц) на филот цреши, покријте со вториот круг на тесто, пак ставајте фил врз него цреши, покријте со третиот круг на тесто. Врз него фил и украсете со една цела цреша.
Украсете со малку какао и оставете на еден час во фриждер.
Колачот е многу вкусен пробајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови