Вкусен пудинг со јак интензитет на вкусот на чоколадо, а кокосот пак дополнително го збогатува ова задоволство. Пудингот се подготвува брзо, па може да се подготви непосредно пред да ви дојдат брзо најавени гости.

~ Се мешаат шеќерот, кокосот и густинот, се одделува малку млеко од вкупната количина и се додава во сувите состојки, се меша течната смеса за пудинг.
~ Остатокот од млекото се загрева и штом ќе зоврие се трга настрана и постепено се истура смесата за пудинг, се вари класичен пудинг.
~ Штом се згусне, во сварениот густин се става чоколадото искршено на коцки, се меша брзо додека се стопи чоколадото, веднаш се истура во чаши во кои ќе се служи бидејќи веднаш ќе се здрви.
~ Се посипува со сечкани ореви или лешници, јас ставив рибизли и сечкани сунѓерести бонбони, а може да се стави и се друго по желба.

Кокосот не е задолжителен, а може да се замени со 1 лажица мелени бисквити, ореви или лешници.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани