Колач кој се подготвува со лажица за 5 минути, ете таков е колачов. Мешај, реди, јади. А може да го оставите и во вангличето во кое ќе го соединувате па само земај лажица и јади....хахахаха...како и да е, важно е да се заблажиме.

Подготовка
1. Киселата павлака со шеќерот ги матиме со лажица додека да се растопи шеќерот, па додаваме ванила екстракт.
2. Ги ставаме кршените бисквити и соединуваме со лажица.
3. Ги додаваме сечканите банани и сечканото чоколадо и соединуваме.
4. Формираме ролат и го оставаме во фрижидер да се стегне.

Забелешка
Бананите што ги ставив беа со средна големина, да не речам помали. Украсувањето го правите по желба и вкус. Овој пат изматив слатка павлака и го декорирав со неа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани