Изрендајте ја тиквичката на тенки листови, малку посолете ги и оставете ги убаво да се исцедат.
Брашното и зачините ставете ги во најлонска кеса, измешајте со дрмање на кесата па ставете од тиквичките и убаво здрмајте за да се налепи од смесата на нив.

Заграјте на умерена температура масло, па секоја тиквичка макајте ја во вода и ставете ја во маслото да се пржи.
Пржењето оди брзо, а прскањето не е нешто повеќе од нормално пржење иако се макаат во вода претходно. Секако, добро е да изберите некое подлабоко тенџерче.

Пржените тиквички вадете ги на чинија обложена со кујнска хартија и служете ги топли, т.е. веднаш, бидејќи со тек на стоењето омекнуваат.

Се добива вистински чипс од тиквички кој крцка во јадењето и иако е пржен воопшто не се мрсни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови