Кој си користи кондензирано млеко знае каков ектра вкус дава во десерти. Еве еден многу вкусен и едноставен десерт во форма на бомбици или бомбоњерки.

Подготовка
1. Какаото го раствораме во малку вода со интензивно мешање да ни стане густо како крем.
2. Кондензираното млеко, путерот и какаото ги ставаме во тенџере и ги загреваме на средна температура. Го ставаме и чилито во прав.
3. Постојано мешаме некои десетина минути или додека смесата да згусне и прави пат кога ќе ја повлечеме лажицата (маталката)на дното.
4. Го ставаме да излади и потоа формираме бомбици или голема бомбица која ја конзумираме со лажички.
5. Ги валкаме во чоколадни трошки или по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани