Чизкејков ми е љубов на прв поглед!
Брз за приготвување, свеж и превкусен. Кај мене дома го снемува за ден - два.

Путерот се растопува во млекото и потоа се попаруваат бисквитите. Смесата се меша додека се соедини и се става во калап за торта 26ка (или тавче по желба). Подлогата да биде обложена со стреч фолија како полесно би се ваделе парчиња торта.

Слатката павлака и шеќерот се матат со миксер, па се додава киселата павлака, крем сирењето и ванилата. Се мати додека се соедини. Смесата се истура над тестото и се става во фрижидер за да се стегне.

Вишните се варат со шеќерот и малку вода (или нивниот сок, ако се одмрзнувани) 5-10 мин колку да омекнат. Тука завршуваме со шпоретот.
Се трга на страна 2 - 3 мин и меша малку да олади. Се додава желатинот и се меша да се стопи. Ако е врело и не се меша доволно, желатинот ќе се згрутчи и таков воопшто не е пријатен за јадење.
Смесата се остава да се олади 5-10 мин, па потоа се истура над филот. Внимателно, со лажица и не многу од високо да се истура бидејќи ќе пропадне во филот и нема да има јасна граница меѓу филот и глазурата. Не дека нема да биде вкусно, туку чисто ради естетика.

Тортата се лади во фрижидер 1-2 часа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови