Прво го подготвуваме пандишпанот. Во еден сад ги рендаме на крупно морковите. Се додава шеќерот, јајцата,1 ванила и зејтинот. Промешуваме со лажица. Во еден друг сад го ставаме брашното, пецивото, циметот, чоколадата во прав и солта. Ова низ сито го додаваме кон смесата со моркови. Се заедно мешаме со миксер. Пандишпанот се пече во загреана рерна на 170 степени 25 минути. Пробуваме со чепкалка дали е готов и го оставаме да олади.

Следен чекор е подготовка на кремот. Прво го раствараме желатинот во водата. После 5 минути го додаваме во топлото млеко и промешуваме. Го тргаме на страна. Ја матиме слатката павлака и кон неа го додаваме крем сирењето, шеќерот во прав и циметот. Кога се заедно е изматено и измешано го додаваме и растворениот желатин во млекото. Се заедно мешаме.

Во калап за чизкејк најдолу го ставаме пандишпанот и врз него го сипуваме кремот. Израмнуваме и го ставаме калапот во фрижидер.

Следен чекор е подготовката на желето. Во водата го раствараме желатинот и го тргаме на страна. Ги сечеме на помали парчиња морковите и со шеќерот и 100 милилитри вода ги ставаме во една касерола малку да провријат колку да омекнат. Кога се готови, се блендираат. Се враќаат во касеролата, се додава мармаладот од кајсии и малку пак загреваме. Во загреаната смеса го додаваме растворениот желатин.Се заедно мешаме и кога ќе е малку поизладено се става врз кремот.
Чизкејкот пред служење во фрижидер треба да одстои барем 6 часа.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови