Јас правев од половина количина на пишаните состојки.
Имам нов, симпатичен калап на откопчување со дијаметар од 18 цм.
Инаку дозата се однесува на калап бр 22-24.
Прво во Нутрибулет или сецко ситно ги мелиме бисквитите.
Го растопуваме путерот на тивок оган.
Сега во еден сад ги соединуваме бисквитите, просеаното какао, изладениот путер.
Соединуваме.Ја нанесуваме оваа смеса во калапот како основа за чизкејкот.
Сега на многу тивок оган го растопуваме млечното чоколадо.
Во еден сад ја ставаме слатката павлака и ја матиме во не многу цврст крем.
Со ниска брзина матиме и понатаму, постепено додавајќи го маскарпонето и шеќерот во прав.
Со исклучен миксер го додаваме растопеното и изладено чоколадо..
Убаво ја изедначуваме кремата и ја нанесуваме врз основата.
Оставаме на ладно 2 часа.
Потоа го вадиме обрачот и ја завршуваме декорацијата.
Ја послужуваме оваа нежна вкусотија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани