Прво го правиме кремот.
Маскарпонето, павлаката, јогуртот и кодензираното млеко заедно измешајте ги со блендер.
Додајте кокос, наполитанките ситно скршете ги со рака, додајте ги во кремот.

Желатинот ставете го бо 50 мл ладна вода да набабри и стопете го. Додајте во кремот и промешајте. Земете една длабока чинија и постелете ја со најлонска фолија.
Кремот истурете го во чинијата и оставете во фрижидер да се стегне.
За подлога
Бисквитите и наполитанките ставете ги во блендер и изблендирајте. Додајте стопен путер, кокос и млеко.
Подлогата расподелете ја врз кремот и оставете во фрижидер да се стегне.
Од смесата за подлогата направете бомбици и ги извалкајте во кокос.
Стегнатиот чизкејк превертете госо подлога надоле и украсете со кокос.
Много убав чизкејк за љубителите на кокос.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани