Растопете го чоколадото на пареа и измешајте го со експандираниот ориз.
Нанесете ја смесата во округол калап со обрач (20цм).
Убаво израмнете и ставете во фрижидер 15 минути.

Изматете ја рикотата со шеќерот.
Додајте го кокосот и измешајте.

Нанесете ја кремата врз основата од чоколадо и експандиран ориз.
Оставете во фрижидер да се потстегне малку, па нанесете го мармаладот.

Оставете го чизкејкот да отстои во фрижидер најмалку 4 часа.
Јас го оставив преку ноќ.

Топло ви го препорачувам.
Вкусот на рикота, кокос и шумско овошје е фантазија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани