Бисквитите се мелат, им се додава стопениот путер и сокот од портокал(млекото). Со раце се замесува смесата и се става во калап на кој се вади обрачот. Убаво се израмнува и се става во фрижидер да се стегни.
За тоа време се подготвува преливот. Во нелеплив сад се топи шеќерот, му се додава путерот, кога ќе почне да врие се додаваат праските (претходно исечени на тенки парчиња). Се пржат во карамелот 3-5 минути малку да омекнат и да се карамелизираат. Им се додава ванилиниот шеќер.

Желатинот се натопува со ладната вода и се остава да набабри. Шлагот се матка со ладното млеко до цврста конзистенција. Во друг сад се матка киселата павлака со шеќерот во прав. Двете смеси се мешаат заедно. Набабрениот желатин се стопува и се додава на смесата од шлаг и павлака.
Оваа смеса се истура врз подлогата од бисквити. Се става во фрижидер добро да се излади за да се стегне филот.
Кога добро ќе се излади се ставаат одозгора карамелизираните праски. На секое парче пред сервирање се става од карамелот.
*Прв пат ја правев со праски, секогаш ја правам со замрзнати вишни или јагоди, но бидејќи сега е сезона на праски пробав и не згрешив, беше превкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови