Оваа торта се прави всушност со орео колачиња, но јас имав едни преубави медењаци кои беа во големо паковање и не можев сите сама да ги изедам, а дома овие разгалениве во полна пареа на стилот „ау јас не јадам то“, па, еве тогаш, не ќе знаеш и ќе прашаш дали има уште ;)
И кога и капините ќе се погодат опорити, тоа нема да е проблем за оваа сладотија, едноставно не можи поинаку освен прекрасна да испадни.
И уште нешто... тоа лебед не го читајте од десно на лево ;)

Ставете ги медењаците во сецко или блендер и сомелете ги.
Додадете им го стопен путерот и убаво измешајте.

Смесата натапкајте ја во калап на откопчување бр 22 или 24

Капините ставете ги во тенџерче заедно со шеќерот.
Мешајте додека пуштат сок, па да се растопи и шеќерот.
Со вилушка изпасирајте ги. Симпатично е да не се глатко испасирани, ами и да остани по некое покрупно парче.
Варете додека зоврие на умерен оган, а потоа уште 2-3 минути, па тргнете да излади.

Во меѓувреме растворете го желатинот во 5 лажици вода, па откако набубри, а капините спремни се тргнат од рингла се додава и се меша убаво да се растопи.

Додека смесата сос од капини се лади се спрема крем делот.
Се миксира рикотата со шеќерот во прав. На страна се мати слатката павлака со ванилата, но не премногу цврсто. Двете смеси се мешаат и изедначуваат и на крај се додава сосот од капини и повторно се меша не многу упорно.

Смесата се ислива врз подлогата во калапот за торта и се израмнува, па се става во фрижидер најдобро преку ноќ да се стегни.
Следниот ден се прелива со стопеното чоколадо и путер.
Додека се уште не се здрвила глазурата се засекуваат парчињата со ножот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови